ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од православна, католичка и протестантска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, со желби за добро здравје, љубов, мир, спокој, благосостојба и радост во секој дом. Христовото Воскресение е ден на радоста и ден кога Христос ја победил смртта. Велигден е празник кога треба да имаме убава мисла, да помагаме на оние кои им е потребно, да бидеме со семејството и да имаме мир и спокој во душите.
Во овие времиња кога се работи на подобра економија, на повисоки плати, подостоинствен живот, менување на меѓународната политика, се вложува во секоја пора од општеството, ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите ветувања и реализации, бидејќи граѓаните ни се најважни! Да го прославиме Велигден во духот на православието, да имаме празнични денови исполнети со мир, хармонија и добро здравје.
Нека ни е честит големиот празник Велигден!
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ