Со договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство на Македонија и се става на располагање најголема економска рамка од 6 милијарди евра. Со договорот ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10. Еден од проектите за имплементација е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.
Ќе започне нов силен циклус на економски раст. Овие крупни инвестиции и проекти се од витално значење на државата кои ќе донесат и нови инвестиции, ќе се поттикне регионалната соработка, ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари. Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и ќе создадеме можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции, кои носејќи капитал во нашата држава, ќе отворат и можности за нови вработувања.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ