По низата денешни „препукувања“ помеѓу градоначалничката на Град Скопје и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со соопштение излегоа и од владеачката партија, од каде обвинија дека нападите на Арсовска кон нивниот лидер се нарачани од СДСМ и ДУИ.
-Кога Данела Арсовска ќе го нападне Христијан Мицкоски, тоа е по нарачка на СДС и Али Ахмети. Додека таа лае по Мицкоски, нејзините вистински газди – градоначалникот на Сарај и раководството на ДУИ – си ја завршуваат работата во тишина. Данела Арсовска е главниот инструмент на ДУИ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ. Таа е уценета и врзана – со морков и со стап. Преку бизнис интереси, преку лични слабости, преку емотивни врски и релации, ДУИ ја држи целосно под контрола. Арсовска одамна не одлучува сама – таа е само гласноговорник на интересите на СДС и на Ахмети, а неволно или свесно, соработник на криминалот кој го притиска Скопје- велат од партијата. Во соопштението, од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека „Скопје ќе се врати на скопјани, без ДУИ, без Ахмети, без лажните политичари од Сарај и без Данела Арсовска“.