ПР-от на СДС деновиве е пуштен на најјако. Во натпревар кој повеќе ќе излаже, кој повеќе неаргументирано и без никаква издржана критика ќе ја нападне Владата, тој прес и соопштение се испраќа во јавноста.Го прашуваме СДС, на која основа шири дезинформации?Власт на СДС:
– Јавен долг од 47% на 65%;
– Економијата во надолна линија – на раб на банкрот;
– Субвенции за земјоделците неисплатени од 2021 година;
– Неисплатени плати во државни институции за неколку месеци;
– Протести на регионални патишта и пред Влада од незадоволни земјоделци;
– Криминални банди хараа по улиците на главниот град;
– Пасоши на белосветски криминалци, а за граѓаните немаше;
– Судии и обвинители бирани од тефтерите во Зајас и Муртино;
– Автопати за 7 години, реализација максимум 10%;
– Авиолинии – укинати;
– Пензиите и платите стагнираа, инфлацијата растеше двоцифрено;
– Учениците без учебници, студентите без реконструирани студентски домови, пациентите без лекови, пензионерите без зголемување на пензии, едноставно влада без решение.
Власт на ВМРО-ДПМНЕ во само ЕДНА година:
– Јавниот долг намален на 57%;
– Економија во нагорна линија – 4та економија во Европа;
– 9 милијарди денари субвенции за земјоделците, заостанати од 2021 година;
– Редовни и зголемени плати;
– Задоволни земјоделци со повисоки цени за откуп на земјоделски производи;
– Криминалците зад решетки, безбедноста на улиците зголемена;
– Четири автопати се градат истовремено;
– Во моментов 64 авиодестинации;
– Пензиите и платите растат како никогаш досега, инфлацијата е намалена, учениците навремено добиваат учебници, студентите добиваат реконструирани домови и факултети.Ги градиме темелите на промените.Доаѓа времето на Македонија!