ДУИ, партијата која ја претвори Македонија во своја приватна компанија, сега се дрзнува да зборува за поделби? Истата таа ДУИ која 20 години ги делеше Албанците на „наши“ и „непријатели“, Македонците на „корисни и непослушни“, државата на „нивна“ и „втора класа“?
Но нема повеќе молк пред криминалот и ароганцијата. Денес, кога државата конечно се ослободува од канџите на мафијата на ДУИ, нормално е да викате. Ви пречи што нема повеќе тендери по телефон, што судии не ви слугуваат, што обвинителите не ви се соучесници.