За да ја покријат својата аздисаност СДС бара теми таму каде што ги нема. И ваквото лажење и манипулирање на јавноста, СДС свесно го прави. СДС добро знаат дека договор за паркингот во Клинички нема. Но, што и да направи, колку и да манипулира и да дезинформира, СДС не може да го покрие фактот дека пред два дена, за еднодневна екскурзија во Струмица платиле над 100 илјади евра.
Затоа, наместо да манипулира со јавноста за непостоечки теми, ги повикуваме СДС прво да одговорат колку чинеше саботната журка под превезот за 8 Март и од каде им се парите за да ангажираат 60-тина автобуси и комбиња, кои за Струмица возеа празни? СДС да одговори, дали партиската собиранка во саботата во Струмица, беше платена со украдените пари на двоецот Заев-Филипче? Или пак, од парите од фотоволтаиците на Ковачевски, а можеби и од парите од провизиите од Ковид вакцините на Филипче? Ова се дилемите на кои СДС час поскоро треба да даде одговори пред македонската јавност, пред било што друго да каже.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ