Цел ден ги нема СДС да кажат каде е нивниот претседател, Венко Филипче. Од што се плашат, па го кријат. Зошто не одговорат на јавно поставени прашања дали е точно дека Филипче е во Дубаи? Дали таму заминал од аеродромот во Солун со златната виза, која можеби ја стекна со инвестиција од над пола милион долари? Венко Филипче, освен што е претседател на СДС, тој е и пратеник во македонското Собрание и добива плата од македонските даночни обврзници. Затоа граѓаните имаат право да знаат каде е Филипче, а СДС е должна да одговори. Транспарентноста и отчетноста СДС од уста не ја вадеше, за сега да се крие и да зборува за разно разни теми, само одговор каде неговите функционери ги трошат народните пари, не дава.
И додека Филипче ужива по плажите со златни песоци во егзотичниот Дубаи со украдените пари, СДС лицемерно поднесува памфлет закон за настраданите од Кочани. И додека Филипче ужива, СДС без трошка емпатија и никакво чувство на солидарност, му ги споделуваат неговите лицемерни фејсбук статусите за негова наводна загриженост, кои Филипче најверојатно ги пишува во друштво на неговиот ментор Заев, под некоја палма во Дубаи. Или пак, додека со Заев ја надгледуваат изградбата на 50 катницата. СДС се партија без никакво чувство на одговорност и обврска кон сопствените граѓани. СДС е партија за која е важна само комоцијата и удобноста на неговите партиски лица. СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства.