Десната рака на Зоран Заев сега предадена и поставена и формално на функција кога претседател е Венко Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за реформа од правосудниот сектор. Каранфилова и нејзиниот Филипче нека се погледнат себе си.
Зошто? Затоа што тие се креатори на судии и обвинители кои имаат за цел единствено да го штитат криминалот на Заев и Филипче. Ако Каранфилова и нејзините другари Заев и Филипче сакале реформа на правосудниот систем што правеле седум години? Седум години е доволен период за реформа и да почнат да се гледаат резултати. Но, наместо тоа јавноста сведочи на правосуден систем кој ја штити мазут мафијата која го крадела народот, а воедно и труела. Каранфилова треба да сфати дека е само остаток од еден стар СДС кој е синоним на корупција и криминал. Време е да ја напуштат старата матрица од времето на фамилијата Заеви.