Лицемерна е лажната грижа за СДС и на Венко Филипче за животот и стандардот на граѓаните. Оние кои ја зголемија цената на електричната енергија од 50% уништувајќи го енергетскиот сектор и колабирајќи ги енергетските претпријатија, сега од опозиција лажно и лицемерно предлага некакви мерки. СДС на власт седум години системски го уништи и ограби енергетскиот сектор преку наместените тендери во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и Осломеј. ЕСМ која во 2027 го преземаа со 20 милиони евра профит на сметка, во 2024 го оставија со минус од 80 милиони евра по разни основи. Сега СДС и Венко Филипче бесрамно бараат намалување на ДДВ-то на електричната енергија.
СДС се тие коишто го покачија и ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, за сега лицемерно да бараат негово укинување. Колку СДС се загрижени за животниот стандард на граѓаните се гледа и по тоа што за време на нивното седумгодишно владеење над пола милион граѓани ги донесоа на прагот на сиромаштија кои денот го поминуваа со по 150 денари. И грижата за реформите и довербата на граѓаните во правосудството на СДС и Филипче, е исто така лажна и лицемерна, затоа што во нивно владеење судиите и обвинителите се бираа во Струмица и во Зајас. Токму ова доведе и губење на довербата на граѓаните во правосудството којашто изнесуваше мизерни 2%.
Маката на СДС и Венко Филипче е една, грчевито се борат и посакуваат во правосудството да останат нивните инсталирани кадри кои за цело ова време се ставија во служба на нивна заштита. Но СДС и Венко Филипче треба да знаат дека процесот на реформи во правосудството започна и во него нема да има место за компромитираните и корумпирани ликови кои се бирани по партиска директива од Струмица.