Лажна вест е дека Владата јадела ракчиња и лосос, затоа што беше јасно ставено до знаење дека се работи за рамковна спогодба за набавка на храна, која се набавува доколку има потреба за посета на делегации, а не дека таква храна навистина е набавена.
Впрочем тоа е истата јавна набавка која ја правела и владата на Венко Филипче. Само има една крупна разлика, а тоа е што Венко Филипче јадел ракови, школки и лососи со украдените пари, истите тие пари со кои сега Зоран Заев гради згради во Дубаи, а Венко Филипче ги троши парите од крвавите тендери и „Стабри“ провизиите кои ги правеше додека беше министер, а илјадници луѓе ги загубија своите животи во ковид кризата. Венко Филипче да објасни како стигна до хациенда во Нерези изградена од истата фирма која добиваше тендери кога тој беше министер за здравство? Како веднаш до него има куќа токму неговиот директор на Клинички центар? И како се стига до сопственички удел и банкарски сметки во Дубаи?