На денешната панел дискусија на темата „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“ присуствуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле
Лефков посочи дека треба да се преземат мерки и чекори со цел намалување на криминалот и корупцијата кои се длабоко вкоренети во судството. „Станува збор многу сложен сет на мерки којшто треба да биде преземен, самата Европска мисија формираше една оценска мисија којашто даде 50 препораки а 17 од нив можеа да бидат имплементирани без законски измени, меѓутоа сето она што го гледаме деновите, имавме јавната расправа за законите коишто се однесуваат на безбедноста на сообраќајот, имаме одредени јавни расправи или дебати, она што можеме да го заклучиме е дека во Македонија немаме вооедначена судска пракса, односно кога зборуваме за оние казни со коишто запретува Кривичниот законик понекогаш можеби се добро одредени, меѓутоа од друга страна го имате јавниот обвинител којшто ќе се договори со оној којшто земал поткуп и за тоа ќе добие условна казна, ни недостасува вооедначена судска пракса, јавност на судските пресуди и нивна споредливост, понатаму тргање на политиката од правосудството, треба да престане принципот во којшто оние коишто се блиску помеѓу себе ќе најдат начин да ги одложат судските процеси, да имаат неразумно долго судење“, објасни Лефков.
Лефков посочи дека министерството за правда треба да го следи трендот на меѓународни препораки, барањата на граѓаните за она што бара ЕУ од нас за да имаме функционален систем каде ќе владее правото. „Треба да се следат меѓународните препораки затоа што имаме еден куп меѓународни препораки како овие што ги споменав од оценската мисија, меѓутоа треба да ги оставиме да работат институциите. Владата знае што прави ги има најдобрите информации, треба се разбира и министерството за правда да го следи овој тренд, да ги следи барањата на граѓаните за она што го бара ЕУ од нас и на тој начин верувајте дека ќе дојдеме до еден функционален систем каде ќе владее правото. Граѓаните ќе имаат доверба во судството и секој ќе го има она за што е основно човеково право а тоа пристап до фер и независно судство“, дециден е Лефков.