Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници. Ниту се загрижени, ниту ги интересираат граѓаните. Единствено што ги интересира е политичкиот ќар кој тие би го имале од одредена ситуација. Виновници за разурнатото општество, лошото здравство, дебаклот на меѓународното поле, високата инфлација и нискиот економски развој се СДС, Филипче и неговиот ментор Заев.
Срамно е во вакви тешки моменти за сите граѓани, баш тие, СДС и Филипче, кои молчеа и се криеја за Модуларна болница, за Ласкарци, за Беса транс, за Онкологија, за неуспешноста со справувањето со КОВИД кризата, денес да зборуваат за морал и правда. Упатуваме порака до СДС – Правда ќе има, одговорност ќе има! Само што овој пат, правдата нема да е кабелот, ниту пајакот. Овој пат, правдата ќе биде име, а одговорноста – презиме!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ