Македонските државјани ќе патуваат во ОАЕ без визи. Ова е прва придобивка и одлука на Обединетите Арапски Емирати да ја укинат визата за македонските државјани и е резултат на фокусирана и стратешка надворешна политика. Таа одлука доаѓа веднаш по официјалната посета на владината коалиција во периодот од 14 до 17 април, инаку посета што ги отвори вратите за продлабочување на билатералните односи со еден од најдинамичните економски центри во светот.
Овој дипломатски исчекор е директен резултат на активната иницијатива на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и е јасен сигнал дека Македонија се позиционира како отворена и подготвена за нови партнерства, особено надвор од традиционалните сојузи. ОАЕ е еден од најбрзо растечките економски центри во светот, со силно присуство во енергетика, инфраструктура и финансиски пазар.
Со воспоставувањето на безвизно патување, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што го олеснува движењето на граѓаните туку им ги отвара вратите на младите претприемачи, студенти, професионалци и инвеститори кои сакаат да ја прошират својата перспектива и надвор од границите на Европа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека е насочена кон конкретни резултати и дека активно го гради меѓународниот имиџ на државата преку практична економска дипломатија.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ