„Еден од најскандалозните случаи е фаќањето на врховен судија и член на Совет на јавни обвинители, односно јавен обвинител и потпретседател на Советот за јавни обвинители, значи покрај тоа што е член, покрај тоа што ја обавува јавно обвинителската функција добил позиција да биде и позиција потпретседател на Совет за јавни обвинители кои треба да се грижи и треба да е чадор над сите јавни обвинители“, истакна портпаролот на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“. Митева продолжи и додаде: „Додека бев пратеник во Собранието разгледувајќи го годишниот извештај за 2023 година на Советот на јавни обвинители истражувајќи ја отворив веб страната на Советот на јавни обвинители.
На еден од записниците кои беа објавени, а непосредно се однесува на седница која била непосредно по откривањето на овој случај по признавањето кое го имавме од врховниот судија и од јавниот обвинител. Најдовме записник во кој претседателката на Советот на јавни обвинители ги информира членовите на Советот на јавни обвинители дека потпретседателот односно Јавниот обвинител Мемети ќе престане да ја обавува својата функција откако ќе се врати од одмор. После ваков скандалозен случај сега веќе претседателот на Совет на јавни обвинители го штити оној кој направил кривично дело за кој цела македонска јавност беше сведок и самата во записник ги информира сите членови на Советот на јавни обвинители дека овој Јавен обвинител, потпретседателот нејзин кој направил криминал ќе се повлече од функцијата меѓутоа откако ќе го искористи правото на одмор“, вели Митева. Митева посочи дека потребен е општествен систем кој ќе каже стоп на ваквите дејанија и конечно владеење на правото. „Мора да постои систем кој ќе се спротивстави на ова, не зборам само како Влада, како извршна или како законодавна власт, туку говорам како систем општествен кој ќе каже дека потезите кои било кој ги презема а се во насока на стопирање на ваквите дејанија и на конечно владеење на правото“, заклучи Митева.