СДС континуирано продолжува со своите тенденции да се самопроектираат како нападнати секој пат кога ќе биде посочена критика, и да ја дефокусира јавноста од суштинските прашања. Целта на СДС, со својата притоа задоцнета реакција, наместо спонтан израз на навреденост е координиран потег по внатрешни консултации, што дава до знаење дека наместо политички дискурс, СДС упорно го применуваат истиот манипулативен шаблон. СДС се деструктивни, и наместо да понудат аргументи, го девалвираат значењето на вистинска политичка дебата. СДС како млака опозиција ја поткопуваат суштината и го насочуваат фокусот кон наратив на постојана угнетеност. СДС треба да се соочат со реалноста и да покажат капацитет за критичка саморефлекција, и да го прифатат фактот дека политиката не е поле за лични драми, туку за сериозна и одговорна работа во интерес на граѓаните. СДС зборува за демократија, а ги системски ги злоупотребуваше институциите преку политизирање и партизирање.
СДС не може да зборува за демократија кога системски ги злоупотребуваше институциите преку политизирање и партизирање. ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на зајакнувањето на позициите на жените во секој сегмент на општеството. ВМРО-ДПМНЕ става акцент на улогата на жените во политиката, оваа заложба е поткрепена со конкретни мерки, политики и кадровска застапеност. ВМРО-ДПМНЕ континуирано се залага за создавање услови кои ќе овозможат жените поднеднакво да се развиваат во сите професионални области.