СДС уште еднаш покажа дека не може да излезе од сопствениот балон. Додека Владата работи, додека се намалуваат даноци, се враќа ред во институциите и државата почна да оди напред, СДС се занимава со измислени термини и панични настапиво јавноста.Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт.
Факт е дека на меѓународни конференции како CPAC се среќаваат лидери кои се избрани од својот народ и го бранат националниот интерес. Тоа СДС не го разбира, бидејќи нивниот пристап беше сервилен, поразувачки и штетен.Македонија нема да се врати назад. Колку и да се обидуваат СДС да ја извалкаат со излитени флоскули, народот гледа разлика меѓу збор и резултат. А нивниот збор не вреди ништо.