Кога Филипче одржува маалски средби, добро е да ги погледне граѓаните во очи и да им каже, како за седум години власт СДС ја остави државата на раб на банкрот. Како за седум години СДС систематски ја ограбуваше и уништуваше државата и безмилосно го осиромашуваше народот. Седум години СДС ја задолжуваше државата, а со парите не се реализираа капитални и инфраструктурни проекти кои би ја вратиле инвестицијата, би ја развиле економијата и би го подобриле животот на граѓаните. Парите со кои СДС ја задолжуваше државата завршуваа во приватни џебови на партиската елита на СДС, која сега инвестира во милионски бизниси во странство.
Филипче, исто така, гледајќи граѓаните во очи, може да им одговори дали со украдените од граѓаните пари се стекнал со златна виза за Дубаи? Нека им одговори дали тој стои зад последниот судски случај за Онкологија, за проневера на 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра, каде на болните од рак наместо лек им се давало физиолошки раствор, а онколошката терапија се продаваа на црниот пазар во Косово. Што се однесува за договорот со Обединетото Кралство, тоа претставува стратешко партнерство кој ќе овозможи инвестициски циклус во Македонија.
Со рамка од 6 милијарди евра ќе се инвестира во изградба на брза пруга за патнички и товарен сообраќај, што е инвестиција која ќе ги поврати вложените средства и која значително ќе раздвижи економијата. Ќе се подобруваат состојбите во здравството и образованието со изградба и реконструкција на болници, медицински факултет и студентски дом. Исто така, се разгледува и можноста, преку ова партнерство да се изградат и хидроелектраните Чебрен и Галиште, кои ќе го стабилизираат производството на електрична енергија и ќе придонесат за зачувување на животната средина и намалување на загадувањето.