Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт, велат во Алијансата на Албанците. Арбен Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од СДСМ и ДУИ. Тој дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ, прашуваат денеска од ВМРO-ДПМНЕ, по одлуката на Алијансата на Албанците тој да се повлече од министерската позиција. „Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети. Иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДСМ и од ДУИ? “, прашуваат во владејачката партија,
Од Алијансата за Албанците рекоа дека будно ги следеле „тврдењата“ на ВМРО за нивната партија и за нејзиниот претседател. „За очекување е во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид. Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки. Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт. Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови“, велат во партијата. Извор: Новинска агенција МЕТА