Сашо Ордановски кој важи за близок до СДСМ излезе со шокантни тврдења и навреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е “рекетар и неонацист, кој лаже”. Од СДСМ нема ниту збор за ваквите навреди, ниту осуда и ниту јавно оградување, што значи дека оваа партија и Венко Филипче се согласуваат со ваквите навреди кон важните стратешки партнери на државата.
Оттука јавно прашуваме дали ова не е јасно скршнување од прозападниот курс на СДСМ? Кој е ставот на Венко Филипче за ваквите навреди? Зошто се толку возбудени и нервозни доскорешните апологети на СДСМ? Дали по примерот на Апасиев и Венко Филипче скршнува од прозападниот курс и смета дека американскиот претседател е неонацист и лажго?
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ