Поранешниот претседател, Стево Пендаровски едвај дочека уште на првото појавување на интервју да ги поткопува позициите на Македонија во однос на надворешната политика. Пендаровски уште еднаш докажа дека СДС нема конзистентност во политиките. Пендаровски уште еднаш покажа дека „виткањето на кичма“ е единствената политика која ја познава СДС. Пендаровски и аналитичарите од СДС ги поткопуваат позициите на државата на меѓународен план. СДС си го покажа вистинското лице и ставот дека се контра политиките на стратешкиот партнер на Македонија, САД.
Сервилноста и аматеризмот во надворешната политика која ја водеше Пендаровски и СДС ја доведе државата во незавидна позиција. Кому му служат изјавите на Пендаровски? Пендаровски со неговите изјави и пазарџиски политики, како и откривањето на разговори од средби со дипломати, само ги руши националните интереси и ги открива државните позиции, со што и прави штета на Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постојано ги унапредува и зајакнува односите со стратешките партнери на државата.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ