Пендаровски од СДС со директни навреди кон Трамп и САД, дефинитивно СДС го напушти прозападниот курс. Ако Орданоски беше случајност, Пендаровски од СДС кажува дека е тенденција. СДС силно застанува против САД, ако Орданоски го кршеше ледот, Пендаровски сега јасно кажува дека СДС е против САД. Сега станува јасно дека СДС лажно се претставувале како прозападни, а со нетрпение чекале момент да свртат курс.
Пендаровски не е било кој од СДС, неговиот став во исто време ја покажува и фрустрацијата на оваа партија кон ВМРО-ДПМНЕ и успешноста со која Владата се позиционираше до САД. Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ е верен партнер на САД, а придобивките за државата допрва ќе се гледаат. Македонија е на вистинскиот пат, а СДС како и секогаш до сега е против Македонија.