На СДС му смета воспоставувањето ред во државата. СДС се исплашени од бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата. СДС се во паника затоа што Панче Тошковски воспоставува ред во системот, го чисти хаосот и нередот кои ги оставија во министерството. СДС знаат дека доаѓа време за одговорност и дека правдата ќе ги стигне нивните инкриминирани кои до сега беа заштитени и недопирливи за органите на прогонот, затоа со конструкции и измислени случаи сакаат да дефокусираат. СДС се тие кои ги уништија и деградираа безбедносните служби и македонските полицајци ги оставија без униформи.
Сега, конечно се враќа достоинството на македонската полиција, чекор по чекор, со конкретни решенија, подобри услови, нови униформи и нова опрема. Она што е вистина е дека, тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици е во согласност на законот, при што фокусот беше ставен на цената и квалитетот. Освен тоа, јавните набавки не треба да имаат исклучувачки карактер, туку тие треба да ја поттикнат конкуренцијата која ќе овозможи поголем број на понудувачи кои ќе ја зголемат конкурентноста и квалитетот по најповолни цени.
Исто така, важно е да се напомене дека со тендерот за набавка на униформи за специјалните единици, МВР склучи рамковна спогодба која претставува максимална вредност за набавки во наредните три години. Оваа рамковна спогодба предвидува исплата само кога ќе има реална потреба и се склучуваат посебни, поединечни договори за конкретни нарачки, со динамика на испорака според потребите. На СДС треба да му биде јасно дека заврши времето на хаосот, неказнивост и на матните наместени тендери.