Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми. Политиките што се спроведуваат во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните. Исто така, се преговара И за уште десетина нови авиолинии. Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли). Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул. После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам. Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе доаѓаат надвор од главната туристичка сезона. Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа:
Скопје -Женева која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и
Скопје-Париз (аеродром Орли) од 2 април 2025.
Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите:
Охрид – Истанбул
Охрид – Базел Мулхаус
Скопје – Дубаи
Скопје – Штутгарт
Скопје – Лион
Скопје – Барселона
Се преговара и за воспоставување на нова линија Скопје –Прага, како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари. Освен новите авиолинии кои се воведоа и тие за кои се преговара, за прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид се прошируваат капацитетите, и ќе се гради нова терминална зграда. Реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Целта е подобрување на квалитетот на животот на македонските граѓани, подобар проток на добра и услуги, како и инвестиции и пораст на економскиот развој.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ