Трендафилов ниту го интересира минималната плата, ниту подобрувањето на животниот стандард, а најмалку пак работниците. Голиот популизам и лошите економски политики кои Трендафилов ги шири, се директно по нарачка од Бихачка, односно коалицијата на СДС, ДУИ и Левица. Барањата на ССМ се нестварни, но тоа не нѐ чуди, бидејќи што може да се очекува од партискиот синдикат на СДС. Трендафилов не го интересира животот на работниците, ниту пак сака реално да помогне во изнаоѓање на решенија и подобрување на животот на работниците, туку го интересира тоа каде ќе оди на одмор следниот продолжен викенд со големата плата којашто ја заработува врз грбот на граѓаните.
Го повикуваме јавно да каже, портпаролот на СДС и претседател на ССМ, колкава е неговата плата и ако е над просечната, како тој знае што им треба на работниците кои земаат помали плати од него, кога не бил во нивните кондури. Трендафилов итно да престане да биде слуга на СДС, ДУИ и Левица и да почне да се однесува како што му наликува на еден синдикалец, а ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива економијата и да ја зголемува платата.