СДС и ДУИ за седум години го осиромашија народот, ја испразнија буџетската каса и го срушија животниот стандард на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите граѓани. Продолжува трендот на раст на платите. Платите и пензиите растат, економијата се стабилизираше, инфлацијата се намали, странските инвестиции на историски највисоко ниво. Владата ги зголеми платите на вработените во образованието, здравството, и безбедноста. Платите во образованието се зголемија за 12 проценти. Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април.
Платите во здравството се зголемија за 15 проценти. Здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти. Матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти од 75 на 100 денари. Стоматолозите на добија покачување на капитациониот бод од 23 проценти, од 61 на 75 денари. Платите во секторот безбедност се покачија за 10 проценти. Обезбедени се 800 милиони денари од буџетот за зголемување на платите на 12.000 полицајци. Службените лица во МВР кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата, добија покачување на платите од 10 проценти. Пензиите се покачија за 5000 денари, 2500 денари во 2024 и плус 2500 денари во 2025 година. Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува, до крајот на мандатот во здравството и образованието предвидено е да се зголемат од 46 до 50 проценти.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ