„Седумгодишното владеење на СДС и ДУИ остави трајни последици во функционирањето на системот. Постепено и систематски тие ја уништуваа секоја пора на општественото живеење, воспоставувајќи нов систем на криминал и корупција. Како еден од секторите кој најмногу настрадал од ова седум годишно владеење се судството. Седум години по ред судии и обвинители, како на кастинг, се бираа во Струмица, директно од Зоран Заев. Сега истите тие луѓе на Заев сместени во судско обвинителските фотелји делат неправда или пак истата ја распродаваат“ соопштија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат „ова правосудство со луѓето на Заев е отворено, баш како неговите најавени пупки. Најнови во низата кои го потврдуваат ова се членовите на Судскиот совет. Тие пред некој ден заседаваа и донесоа одлука со која што оправдуваат одлука на судија, кој донел пресуда од две години затвор за возач кој усмртил млада девојка која прописно поминувала на пешачки“.