СДС е симбол на системска корупција и тендер “демократија“. СДС е приватна фирма на неколкумина, а главното идеолошко определување се тендерите. Дали СДС се свесни дека политиката не е маркетинг, и дека нивните “вредности“ се само добро спакувани интереси? Она фијаско што тие го направија на државата сега излегува на површина преку нивната.ММакедонија со ВМРО-ДПМНЕ бележи стабилен економски раст, рекордни странски инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да ја води економијата кон раст и стабилност со конкретни политики, дека економијата може да оди напред.
ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните. Веќе е обележан раст на платите и пензиите. Што се однесува до платите на здравствените работници, истите го добија ветеното зголемување на платите од 2500 денари, заедно со зголемувањето во ноември минатата година, достигнато е зголемување од 4815 денари, додека пак за медицинските сестри платите се зголемија за 6200 денари. ВМРО-ДПМНЕ не ги заборави ни просветните работници, платите на наставниците и професорите се зголемени за 5% во октомври минатата година, и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46% во овој мандат до 2028 година. Кога станува збор за пензионерите, со мартовската пензија, веќе добија 2500 МКД линеарно зголемување.
ВМРО-ДПМНЕ доделува грантови на младите земјоделци како и поддршка во форма на кофинансирање за проекти за кои ќе аплицираат. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на запирање на слободниот пад во економијата, а инфлацијата е намалена за 1,3%. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира своите ветувања и работи во корист на граѓаните.