СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал. СДС денес, кога се прославува Велигден, дрско повторно се обидува да го дефокусира вниманието од катастрофалното наследство што ѝ го остави на Македонија во културата. Јавноста добро памети кој ја газеше културата, кој ја претвори во мрежа на партиски вработувања и кој го користеше Министерството за култура како алатка за наградување на блиски личности и фаворизирани „уметници“. Да потсетиме:
– Во времето на СДС, од културата се делеа грантови без јасни критериуми, а дел од тие средства завршуваа кај лица блиски до партијата – дури и за проекти што никогаш не се реализираа. – Последната министерка за култура во времето на Заев, заедно со други функционери, беше под лупа поради финансиски злоупотреби и вработувања на сопартијци и роднини. – Фестивалите и културните институции добиваа средства според партиска подобност, а не според квалитет, традиција и значење. Во исто време, министрите и функционерите на СДС беа единица мерка за разузданост:
– Службени автомобили и патувања се користеа за приватни цели; – Хонорари и договори „во четири очи“ се делеа меѓу себе, како да се дел од нечија приватна фирма, а не државна институција; – Функционери фатени со раката во медот беа унапредувани или преместувани, наместо да бидат санкционирани; – Си купуваа маички XXL и плаќаа авио-карти за егзотични дестинации од разбеснетост – кои потоа ниту ги користеа. Извинувањето на именувано лице е коректен гест што јасно покажува разлика во пристапот. За разлика од времето на СДС, кога грубите навреди и дисквалификации врз уметници и институции беа секојдневие, денес имаме отчетност, одговорност и сериозен однос. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на вистинските вредности во културата – без привилегирани, без партиски кланови, туку со поддршка за сите што навистина творат, вложуваат и придонесуваат. СДС нема никаков кредибилитет да говори за достоинството на културните работници – тие беа тие што најмногу ги понижија.