СДС мора да престане да ја политизира трагедијата во Кочани.За разлика од нивното владеење, каде што освен Влада, беа и судии и обвинители, сега тие се оставени да си ја вршат сопствената работа и не им се врши никаков политички притисок.Судиите и обвинителите коишто се занимаваат со овој несреќен случај, се истите тие кои СДС и ДУИ, во нивно време си ги бираа во своите штабови во Зајас и Муртино.
Истрагата е потполно неселективна и правдата ќе биде исполнета. Но, прашањето е зошто истите тие судии и обвинители, не се позанимаваат со тоа на каков начин Филипче го добил луксузниот џип од 130.000 евра, од фирма добитник на тендер во време на СДС и ДУИ?
Зошто ЈО молчи за сите сомнежи кои секојдневно ги пренесуваме преку соопштенија и прес-конференции? Зошто ЈО го штити Филипче на некој начин и не се отвора постапка против него? Дали има некаква друга причина која јавноста не ја знае и затоа тие молчат кога Филипче е во прашање?За ист таков случај, ЈО отворило постапка за Пеце Мирчевски, меѓутоа кога потрчкото на Заев е во прашање, за него нема никаква постапка?Правда мора да има. Затоа потребни се итни реформи во судството, затоа што не смее за едни да е мајка, а за други маќеа.