Паничните прес-конференции каде портпаролот во заминување Кузеска обвинува дека градоначалниците на СДС се соочувале со притисок од инспекции не се ништо друго, туку само барање на алиби и оправдување за немањето на резултати и проекти ветени пред граѓаните.
Дали СДС смета дека законот не треба да важи за градоначалниците на СДС, или пак дека тие треба да бидат заштитени бели мечки за кои нема да важат процедурите, додека за сите останати важат.
Дека централната власт ја помага локалната, најдобар показател се 250-те милиони евра ставени на располагање од владата за општините за капитални проекти, при што корисници има и од општините каде СДС е на власт. На крајот, ваквите алиби прес-конференции се потврда дека СДС продолжува да биде синоним за неспособност, криминал и предавства.