Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот. Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување. Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС. СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, како и користење државни средства и ресурси за Филип Андов да ги рашетува криминалците од затвор.
СДС не се огради од Зоран Заев, Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов. СДС даваше пасоши на наркобосови и се беше заташкано и сокриено во фиоки. Сојузот со ДУИ не беше ништо повеќе од заедничка амбиција за крадење и богатење преку злоупотреба на тендери и јавни ресурси. Владеењето на СДС достигна врв со дозволата Груби да ги злоупотребува институциите, и да ги третира како свој приватен имот. СДС спроведуваше селективна правда, а криминалните банди добија неограничена слобода и си играа со судбината на граѓаните. СДС водеше политика со ароганција, обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај.