Не ја разбираме радоста на СДС да ликува од трагични настани како во Кочани. Нивната дволичност јавноста може да ја види што од една страна Венко Филипче кој е директно одговорен и надлежен за палењето на модуларната болница и смртта на 15 луѓе, глуми државник и праќа пораки на единство, а од друга страна неговата партија глуми преку суд каде кажува кој да биде уапсен, а кој не.
За тоа како овие исти политички структури се однесуваат некрофилски со максимална злоупотреба на човечките судбини може да се види во статусите и објавите на роднините на трагично починатата Фросина. СДС да престане да гради среќа врз колективните несреќи како Кочани, трагичните судбини на Фросина, Мартин Нешкоски, Диво Насеље, малечката Тамара. За сите овие случаи клучно е да се има правда. Така ќе биде и во Кочани.
Затоа СДС да престане да ја попречува и дефокусира истрагата. Таму има опфатени луѓе на СДС, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и луѓе кои не се од партија, затоа што правдата мора да биде неселективна и на ова не гледаме како на битка на партии. СДС треба да покаже минимално достоинство и почит.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ