Додека народот слави 1 Мај, од СДС – партијата што ја претвори државата во приватен банкомат – слушаме уште една ефтина фарса обвиена во лицемерие и двојни аршини. Богданка Кузеска, портпаролката на поразениот СДС, денес обвинува за наводен „луксуз“, заборавајќи дека токму нејзината партија, во време на пандемија и кризи, купуваше папаји, аспарагуси, златни лажици и плаќаше за ручеци со готвачи од Мишелин. Заборава ли Кузеска на времето кога Заев, Филипче и Забрчанец купуваа апарати што никогаш не ги користеа, трошеа на авионски летови, а болниците гореа?
Овие луѓе немаат морална вертикала. За нив, народот постои само како гласачка машина. Храбро молчеа кога нивните министри трошеа стотици илјади евра на коктели, хотели, па дури и на мобилни апликации од 300.000 евра. Некои од тие министри, како Маричиќ или Бујар Османи кои денес се најгласни, знаеја да потрошат исти вакви средства за само една или две вечери, со пајташи и партиски клики, во најлуксузните ресторани на Балканот. Тогаш немаше прес-конференции. Имаше тишина и задоволство. Кузеска треба јасно да одговори колку пари се украдоа од нејзините шефови во оние тендери во 4 очи, без огласи и конкуренција? Колку пати ваши кадри патуваа со приватни авиони, додека народот беше затворен дома?
Не ве боли луксузот – ве боли што повеќе не сте на власт. Ви недостига расипништвото. Вие не знаете поинаку освен да трошите без контрола.
Ве боли што народот ве исфрли како што се фрла расипан производ – со јасна порака: „Доста беше! ВМРО-ДПМНЕ работи. Министрите веќе ги решаваат проблемите што СДС ги создаде. Исплаќаат плати што тие ги блокираа, инвестираат во инфраструктура, економија, правда. И тоа ги плаши – затоа измислуваат скандали. Но граѓаните не се наивни. СДС и елитизмот се синоними. Заевизмот е жив – во Кузеска, во Филипче, во сите кои и понатаму ја срамат партијата која некогаш барем имаше идеологија. Ние ќе продолжиме со работа. А тие нека продолжат со фрустрации. Гладот им е политички. И ќе останат гладни уште долго.