Во СДС очигледно сонуваат навечер и кога ќе станат од досада решаваат да напишат соопштение, односно во истото да го раскажат сонот. Тоа е потврда и денеска, или пишуваат за случајот Кочани како немало истрага, како се било фарса. Нема да им ги раскажуваме деталите, бидејќи надлежните институции на дневна основа информираат, секако за она што не може да влијае на истрагата.
СДС сега можат само да седат слушаат, поточно да се информираат за истрагата, прво за тоа што го пропуштиле па потоа за тоа што тековно ќе се случува. Јасно им е на сите во каква состојба е СДС, ама барем нека не се бламираат дополнително, туку нека се информираат и нека почнат за добро на државата барем за оние малкумина верни што им останаа.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ