СДС, партијата што го задолжи секој граѓанин со над 1.600 евра долг за време на нивното владеење, денеска се јавува со прес-конференции за 137 милиони евра – средства што одат исклучиво за отплата на нивните долгови. Да бидеме јасни: 137 милиони евра што сега ги спомнуваат СДС не се ново задолжување, туку рефинансирање на кредити кои доспеваат – кредити кои тие ги земаа, без срам и без покритие. Во времето на СДС (2017–2024) јавниот долг скокна од 47% на над 65% од БДП, а единственото што оставија се ситни проекти, рекламни видеа и сметки од „ресторани“. Прашуваме:
– Каде се парите од 1,2 милијарди евра задолжување во 2020 година?
– Каде се парите од еврообврзниците во 2018, 2020 и 2021 година?
– Зошто 6 години ја лажевте јавноста дека ќе го намалите долгот, а го зголемивте за над 3 милијарди евра?
Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ:
• Плаќа камати за долгови што вие ги направивте,
• Го стабилизира буџетот без зголемување на даноци,
• Ја враќа довербата на инвеститорите и стопанството,
• И подготвува прв ребаланс со кој за првпат по години ќе се види капитална реализација – не слики на Фејсбук.
Вашето време помина – оставивте држава со највисока сиромаштија, највисока младинска емиграција и со буџет кој 40% оди на враќање камати и плати, без ефект за граѓаните. Затоа, СДС, вратете се кај вашите квази-економисти и пиар-советници. Народот ве прочита. Ако сакате дебата за долг, не носете лажни бројки – носете сметка што не ја плативте 7 години.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ