Патниот транспорт е многу важна алка во синџирот на економијата на целата држава. Се инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен. Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д. Се изгради и се пушти во употреба експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка во должина од 25,5 километри и инвестиција од 107 милиони евра што е од големо значење за развој на економијата во источниот дел на Македонија.
Се пушти во употреба експресниот пат Градско – Дреново дел од експресниот пат Градско Дреново Фариш со што од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десетина минути. Во Кавадарци се вложија 1,1 милион евра во пет села за патишта, се реконструира патниот правец Дабниште-Ресава. Се инвестира во сите општини во Македонија, во Студеничани се прави реконструкција на локалниот пат од Драчево до мотел Китка. Преку 500 илјади евра инвестиции во Желино за подобрување и реконструкција на локалните улици.
Се промовираше асфалтирање во зимски услови на трасата на автопатот Кичево-Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години. Се реконструира патниот правец од Охрид до Свети Наум. Се гради во Велес, Штип, Битола, Радовиш и низ цела Македонија. Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ