За Концепцијата за гимназиско образование последниот збор ќе го имаат пратениците, откако документот претходно ќе биде изработен од преку отпочнатиот инклузивен процес, кој е во тек и преку кој Министерството за образование и наука го слуша мислењето на сите засегнати чинители. Ги повикуваме и претставниците на политичката партија СДС да се вклучат во изработката и усвојувањето на финалниот документ, наместо да размислуваат за организирање протести и да се обидуваат да го попречат развојот на гимназиското образование во кое ништо не е променето 24 години.
Не ја разбираме потребата на овој политички субјект, постојано преку прес конференции да повикува на јавна дебата, кога дебатата е во тек и секој има можност да достави свој предлог или сугестија за подобрување на првично предложената содржина. Досега, од СДС не е пристигната ниту една забелешка. Имаме време цела календарска година за изработка на документот. Во 7 години управување со Министерството за образование и наука заедно со нивните коалициски партнери, клучни „достигнувања“ им се дното на ПИСА и ТИМСС, како и долгот од 5 милијарди денари. Иако не веруваме во капацитетите на СДС за креирање политики, уште еднаш јавно ги повикуваме да ги изнесат своите забелешки и да учествуваат во промените што мора да се случат.