Советниците и сивите еминенции на СДС контра САД, менува ли СДС курс по паметот на Левица? Вчера Сашо Ордановски, еден од главните советници на СДС и нивна сива еминенција со навреди го нападна претседателот Трамп, кого го нарече лажго и необразован.
Сашо Ордановски сивата еминенција во СДС го нарече потпретседателот на САД Џеј Ди Венс неонацист. Дали СДС менува курс во политиката и тргна против нашиот стратешки партнер, САД? Филипче да каже дали тргна по паметот на Левица и сега даде насока на своите советници да ги напаѓаат САД. Свесен ли е Венко Филипче која штета ја прави за државата? Очајот на СДС нема крај.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ