Оливер Спасовски повторно дрско се појавува во јавноста како да не беше дел од најкорумпираната власт која ја ограби државата и ги остави граѓаните без пасоши и лични документи. Наместо да се сокрие од срам, во очекување на правдата за криминалите на СДС, тој се обидува да држи лекции, глумејќи дека е ново лице, иако цели 30 години е послушен слуга и извршител на Заев и Филипче во сите валкани зделки.
Ако нешто навистина знаеме за „планот“ на Спасовски, тоа е неговата неспособност, која ги остави граѓаните заробени без документи, како и неговата корумпираност, која државата ја чини милиони. Да не потсетуваме како кога му се закануваше апсење, направи упад со Арафат Муареми во Обвинителството и започна војна со Вилма Русковска за да се спаси од одговорност. Спасовски нема кредибилитет да зборува за било што. Наместо да го потценува народот со своите лаги, би било подобро да се скрие.