Почитувани, Слободан Трендафилов е единствениот синдикалец во светот кој кога се покачуваа плати во образование и во здравство не излезе да поздрави. Тој е единствениот синдикалец во светот кој е на политичко дугме на криминалци од опозицијата СДС, ДУИ и Левица.
Тој е единствениот синдикалец кој кога се зголемуваа платите на работниците, а ММФ и Светска банка препорачуваа на владата дека е лош и нерентабилен процес, тој како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците. Наместо прв меѓу работниците, Трендадилов е прв меѓу олигархијата. Тој е продолжена рака на СДС, ДУИ и Левица. Трендафилов нема чувство за потребите на работниците. Тој со плата од над 1000 евра нема чувство како е едно просечно семејство да преживува со плата од 500 евра. Тој наместо синдикалец е портпарол на опозицијата и политичка маша.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ