Трендафилов со неговите лоши потези, за жал, го направи ССМ да биде партиски комисија на СДС, а тој самиот гласноговорник на истата. Очајни се обидите на Трендафилов да глуми независен, кога самиот тој истакна дека се обединил со опозицијата за да нуди политички барања од нивно име преку ССМ. Прес-конференцијата која што ја одржа Трендафилов вчера е класичен пример на нервозен човек кој е откриен за заткулисните игри што ги прави, за коишто возвраќа на СДС кој го стави да биде прв човек на ССМ. Ова се има случувано и во минатото, односно, на СДС им стана практика да ставаат свои луѓе на позицијата претседател на ССМ. Барањата на ССМ и СДС се идентични, скоро и да немаат разлика, а проблемот е во тоа што тие предлози се нереални и политички, ќе создадат голема вештачка инфлација и парата нема да ја има истата вредност.
Впрочем, видовме изминатите години како СДС на еден антидржавен начин ја урниса економијата. Трендафилов упати навреди и уцени кон власта и видно вознемирен од тоа што не му проаѓаат наметнатите политички предлози, истакна дека покачувањето на платите во образованието биле на штета на работниците. Нема друг синдикалец во светот кој е против повисоки плати, освен политички инструираниот на СДС, Левица и ДУИ. Владата предводена од ВРМО ДПМНЕ работи на подигнување на економскиот раст на државата, зголемување на платите во државата и отворање на нови работни места.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ