На денешната трибина на тема: „Како станавме увозно зависни за храна?“која се одржа во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати Директорот на Управата за Водостопанство, Ромео Тренов кој што истакна дека се реализираат повеќе проекти како: брана Речица, 4 системи за наводнување Лисиче, Страиште, Пепелиште и Конско, како и два други системи за наводнување со ЕУ, Сопот и Новаци, но и пловечки фотоволтаични постројки на брана Паљурци. „Треба директно да се каже дека во Македонија власта 2017 година ја презеде мафија. Со самото тоа дојдоа до израз сите мафијашки структури една главна суштина беше зелената мафија. Зелената мафија во тој период одработуваше за тогашната власт и практично во периодот 2017, 2018 2019 се случи таа зелена мафија да ги осакати земјоделците по сите основи тие три години и тогаш започнува целосно празнење на селата. Што се однесува до управата за водостопанство јас на функцијата стапив на почетокот на август и имав претстава дека работата не е добра меѓутоа како навлегував во сите проблеми разбрав дека практично пола од проектите се целосно закочени и по неколку години„ истакна Тренов и додаде: „Кадровски Управата 2017 година беше оставена со 7 градежни инженери на само еден, кадровски тотално уништена, имавме само еден економист кој од друг сектор ни ги врши работите, значи состојбата беше и кадровски и менаџерски уништена целосно. Сега проектите кои што беа закочени се обидуваме да ги ставиме во функција и голем дел веќе ги ставивме. Работиме силно, пример Равен Речица закочен проект 86 проценти од проектот реализиран и три години оставен така“ истакна Тренов.
Тренов посочи дека во изминатите години власта предводена од СДС и ДУИ не реализирала проекти и не решавала проблеми на земјоделците.
„Од 2019 година од декември месец, потпишан договор за 4 системи за наводнување, до сега не беше ставена во функција ниту проектната единица за реализација на проектот. Пет години таму некој не собрал комисија, односно комисијата што беше направена веќе не постоеше бидејќи неколку од луѓето заминале во пензија, замислете пет години ништо не работеле. За 4 системи за наводнување а сите знаеме дека без наводнување нема земјоделие особено интензивно земјоделие“ констатира Тренов. Тренов рече и дека на проектот брана Речани 3 години ништо не се работело а сега проектот е откочен и се работи. „Друг проект брана Речани закочен проект 3 години ништо не се работело, проектот го откочивме. Проектот беше целосно оставен, ние се обидуваме да почнеме, таму веќе работат два багери, го отвараат патот до тунелот, исто така фирмата изведувач има потпишано договор и со турска фирма која што е специјализирана за правење на тунели, веќе има направено елаборат за ременати, кои треба да се користат за градење на тунелот, чекаме да го одобри надзорот и практично ќе почне да се гради комплетно таа брана“ кажа Тренов. Тренов истакна дека во соработка со ЕУ два системи за наводнување Сопот и Новаци се реализираат.
„Со ЕУ имаме проекти, ги откочивме два системи за наводнување во Сопот и Новаци. Мој впечаток е дека претходната власт ништо не работела и не се занимавале со проблемите на земјоделците. Зеланата мафија и неработењето направиле целосен хаос во земјоделието. Моментално сите проекти се откочени, нема проект во застој, двата системи за наводнување во Сопот и Новаци се во почетна фаза и планираме ова лето веќе да имаме резултати и можеби да почнеме да работиме на терен. Веќе работиме и на 4 системи за наводнување во тек е геодетско снимање на системите кои што ги градиме со инвестиции обезбедени со дел од германска банка дел од нашата влада тоа се системите Лисиче Страиште Пепелиште и Конско. Веќе работиме на терен и тоа се 6 системи за наводнување кои очекуваме во текот на 2025 веќе да имаме работа на терен. Наместо како до сега проектите веќе започнати од ВМРО-ДПМНЕ ги оставиле на забот на времет, успеавме да ги покренеме и новите да ги отпочнеме се надевам на брзи резултати“ нагласи Тренов. Тренов посочи дека во соработка со Шпанската влада ќе се прави проекти пловечки фотоволтаични постројки на брана Паљурци со кои ќе се наводнуваат 1000 хектари околу општина Богданци ќе се произведува струја и ќе се полни Дојранското езеро. „Во соработка со Шпанската влада проект пловечки фотоволтаични постројки јас бев да се уверам тоа е многу важен проект градбата ќе биде 12 месеци да поставиме фотоволтаици на брана Паљурци со тоа решаваме неколку проблеми. Прво што дополнително ќе наводнуваме 1000 хектари на територија на општина Богданци од кои 800 хектари во Стојаково. Ја полниме браната Паљурци, со струјата што сами ја произведуваме, ја користиме браната за наводнување потоа после завршување на сезоната за наводнување од пумпната станица во Богданци која што се полни Дојранското езеро, со сопствена струја, ќе го полниме Дојранското езеро тоа е многу битно бидејќи брана Паљурци во овој момент е на многу ниско ниво. Доколку го реализираме проектот браната ќе биде секогаш над 90 проценти полна, Дојранското езеро ќе биде секогаш на задоволително ниво. Значи производство на сопствена струја зголемени површини за наводнување и плус полнење на Дојранското езеро“ истакна Тренов.