СДС го брани Љупо Коцевски затоа што не отвори постапки за извршителите на човекот на Зоран Заев, Наќе Георгиев кој постапи по неговите наредби во случајот со Боро Марлборо. Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, по признанието на вина од страна на поранешниот член на Судски совет и врховен судија, Наќе Георгиев дека влијаел за пресудување на помала казна за Боро Марлборо, за што се стекнал со имотна корист, ќе отвореше истрага за судиите и обвинителите во тој случај.
Ако Наќе Георгиев примил поткуп и влијаел, тогаш судиите во предметот суделе по налог на Наќе Георгиев, а не по закон. Самиот факт што нема постапка за извршителите на Заеви во судството говори колку и самиот Љупчо Коцевски е извршител на СДС и Заев.