Фани-Сорос можеби сака да глуми нов лик во политиката, но граѓаните добро знаат дека таа е дел од истата корумпирана структура што како помал коалициски партнер на ДУИ цели седум години пустошеше низ Македонија. Дали чувствува одговорност за злосторничкото владеење во кое нејзината партија, рака под рака со бегалецот Артан Груби, ги уништуваше институциите, го партизираше судството и ја остави државата во финансиска и правна руина? Дали Фани Каранфиловa има став за криминалот на нејзиниот коалициски партнер ДУИ? Дали смета дека Груби и компанија треба да одговараат за корупцијата во Лотарија, за милионските договори со нивни бизнисмени, за уништените тендери? Или, како и цел СДС, молчи и ги брани, надевајќи се дека граѓаните ќе заборават? Ако Каранфилова навистина сака да зборува за правда, нека почне од својата партија и криминалците со кои соработуваа седум години.
Ако има елементарна искреност, Каранфилова ќе се извини ќе се огради и ќе ги осуди сите криминали и злодела на Заев и Ковачевски изминатите 7 години. Сепак, ние знаеме дека такво нешто нема да се случи од слугите-чувари на наследството на овие виновници за сите несреќи на Македонија. Оттаму, вистинското прашање е – какви релации имаат Заеви со Каранфилова? Дали Фани-Сорос е нивниот последен обид да ја контролираат партијата? Кој ги финансира митинзите на СДС? Дали вистина е дека автобусите за пропаднатиот собир во Струмица ги платија токму Заеви?Дали во целата операција се користени и пари од Васко Ковачевски или се работи за чисто заевска инвестиција? СДС е во агонија, а изборот на Фани Каранфиловска покажува дека немаат капацитет за нов почеток. Тие се заглавени во клановски договори, тајни спонзорства и бегање од реалноста. Но, граѓаните не се слепи! Македонија одамна ги прочита овие игри. Ниту Фани-Сорос, ниту нејзините ментори од криминалните кругови на Заев, не можат да ја вратат довербата.