Венко Филипче, е поранешен министер за здравство. Филипче сега ја врши должноста претседател на СДС и верно му го чува местото на Зоран Заев. Но, Филипче е човекот кој ќе биде запаметен по тоа што во негов министерски мандат македонското здравство е паднато на колена, уништено, девалвирано, полно со криминал и корупциски скандали. Случајот Онкологаја, каде на тешко болни пациенти од рак, наместо лек им се давало физиолошки раствор, а скапите онколошки терапии се продавале на црниот пазар, се случи токму кога Венко Филипче е министер за здравство.
Кога Филипче беше министер за здравство се случи и трагедијата во Модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе. Како министер, Венко Филипче доделуваше тендери за набавка на лекови на него блиска веледрогерија, од кои набавки, сигурно, ќараше проценти. Како тогашен министерот за здравство Филипче, исто така, беше фатен како од фантом фирма сака да купи вакцини по двојно повисока цена од пазарната. Токму поради тоа што во негов мандат се случуваат најголемите корупциски и криминални скандали, Филипче треба да одговори, дали тој стои зад последниот судски случај во Онкологија, каде што од Буџетот на државата биле исцедени 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра?
Дали со на овој начин украдените пари на маката и здравјето на онколошките пациенти, Филипче си купил акции во индиска авиокомпанија и станал ортак со Заев во бизнисот со 50 катницата во Дубаи? Дали со овие пари спечалени на маката и здравјето на луѓето, Филипче ја добил златната виза? Филипче должи одговори на сите овие прашања или пак, ако има аргументи, истите може и да ги демантира. Но, неговиот молк не тера да мислиме дека ги потврдува сите поставени дилеми. Од друга страна, додела Филипче молчи, повторно го повикуваме ОЈО да истражи која е неговата улога во случајот Онкологија.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ