Филипче се залепи до Заев и со гордост зборуваше за него во денешното интервју на Сител. Народот може да учи од Заев, смета Филипче. За какво учење од Заев и искористување на негово искуство зборува Филипче, кога Заев единствено што правеше беше предавството и распродавањето на националните интереси. Филипче се залепи до Заев и вели немало друг како него. А, можеби е најдобро ако е така, затоа што на Македонија доволно и се предавници како него. Ама како верна сенка и продолжена рака на Заев, Филипче како да тргнал по неговите стапки, па бара отстапки и по однос на прашањето со Бугарија.
Филипче сега инсистира на преговори со Бугарија и на попустливост, а од друга страна поранешниот министер за надворешни работи во владата на СДС и ДУИ, Бујар Османи, денес призна дека преговарал со Бугарија за етнички прашања со дозвола на СДС. Зарем за Филипче храброст е прифаќање на сите барања од соседите за распродавање и нарушување на националниот етнички, културен и јазичен идентитет. Храброст и државничко однесување е до последен здив државниците да се борат за зачувување на етничките, културни, историски и јазични прашања и со сите овие зачувани компоненти да обезбедат напредок на државата.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ