Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него. Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%. Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното“, соопшти партијата.
Оттаму велат дека за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните тие креирале мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ. Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија. Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра. Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат Обвинителството да отвори истрага.