Николоски продолжи и додаде:
„До први круг плаќаше преку пиар агенцијата Рејтинг по 100 евра од напишан текст за него. Јас тоа го зборував во кампањата интензивно, не демантираше тој ниту агенцијата Рејтинг, нити Никола Спасов. Имам кредибилни сознанија дека беа плаќани по 100 евра од објавен текст за него и тоа е кривично дело затоа што се работи за нелегално финансирање на изборна кампања. Но по првиот круг имајќи предвид резултатите секнаа и тие 100 евра и некако воопшто сега го нема“, вели Николоски.
Николоски истакна дека има неколку помали политички партии од македонскиот кампус кои му слугуваат на Али Ахмети свесно или несвесно.
„Има неколку помали политички партии од македонскиот политички кампус кои му слугуваат на Али Ахмети свесно или несвесно и му прават услуга, но дури и со нивното слугување пак нема да успее на Али Ахмети тактиката и стратегијата. Ако видите во првиот круг имаше седум кандидати за претседател, во вториот нормално влегуваат двајца според Уставот, од останатите 5 кандидати еден беше про владин тоа е Бујар Османи и четири беа про опозициски, овие четири до денес ја немаат поддржано Гордана Силјановска Давкова што е најнормалната работа да ја направат ако се опозиција. Што значи дека или немаат елементарно чувство за државата или се заслепени од сопствениот неуспех и тоа што не можат да си го признаат неуспехот или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети односно за власта“, дециден е Николоски.