Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 43 мерни места во градот.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 27 до 31 јануари 2025 година зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.