Вчера околу 07:40 часот во СВР Скопје била пријавена тешка сообраќајна несреќа на обиколницата околу Скопје во близина на клучката Орман.
„Патничко возило „Хјундаи“ со тетовски таблички, управувано од 63-годишниот А.В. излетал надвор од коловозот. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, пишува во полициското соопштение.
Увид на местото извршила е екипа од СВР Скопје.